11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Татко и два сина пронајдени под урнатините во Газиантеп

Откако во понеделникот разорните земјотреси ги погодија јужните провинции на Турција, три лица се спасени од под урнатините во Газиантеп, 76 часа по земјотресот, јавува Анадолија.

Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од земјотресот, а во Газиантеп таткото и синовите Митхат, Ерсин и Мустафа Табур беа извлечени од под урнатините.

Тие беа придружувани до болницата со аплаузи и текбири.

Најмалку 12.873 луѓе загинаа, а 62.937 се повредени по двата силни земјотреси што во понеделникот ја погодија јужна Турција, објави во средата Управата за вонредни ситуации (АФАД).

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во провинцијата Кахраманмарас погодија десет провинции и повеќе од 13 милиони луѓе.

Спонзорирано: