11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски патува за Брисел, в четврток ќе учествува на самитот на лидерите на ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски в четврток ќе дојде во Брисел за да учествува на вонредниот самит на лидерите на Унијата, објавија денеска европските медиуми.

Европските институции од безбедносни причини сè уште ја немаат потврдено точната програма на посетата, но се очекува на самитот да присуствува и Зеленски.

Има најави дека Зеленски ќе зборува и во Европскиот парламент, но официјална потврда нема.

Портпаролот на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, во понеделникот за новинарите изјави дека постои отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел.

Тој синоќа за агенцијата АФП додаде дека Мишел го поканил Зеленски лично да учествува на идниот самит на Унијата.

Украинскиот претседател го посети Вашингтон во декември и тоа беше негово прво патување во странство.