13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расплакани спасители: „Слушајте ги, живи се, нѐ викаат, децата се исто така долу но не можеме да ги извадиме“

„Ројтерс“ објави видео од маж кој стои пред урнатините и слуша затрупана жена која го моли да и помогне. Удира во нешто метално. Тој е очаен бидејќи не може да и помогне. Кажува и дека децата се долу. Ова е една од најшокантните снимки по двата разорни земјотреси во Турција.

„ Спасив жена, тоа е човечки живот. Овде нема безбедносна служба, нема војска, нема никој. Тие беа оставени – рече волонтерката.

Во текот на ноќта од урнатините е извлечено мало девојче во правливи пижами. Нејзините први зборови беа: Каде е мајка ми?

Спасувачите и волонтерите ги ризикуваат своите животи за да ги извлечат луѓето заглавени под урнатините.

Температурите паѓаат. Ризикот од хипотермија опасно се зголемува.

„ Нашите деца се тука, што да правиме? Погледнете ја оваа зграда, пола е урната, ризикуваме сето тоа да се урне врз нас. Но, што треба да правиме? Па тие нѐ викаат, тоа се луѓе“.

„ Роднините ми се мртви, внука ми почина, имаше 17 години. Мојата снаа и нејзините три деца се под урнатините. Молете се за нас, молете се за нас. Немаме никого, погледнете наоколу, нема никој.

„ Слушајте го ова, нѐ викаат, затрупани се, нѐ викаат, но никој не доаѓа до нив. Тие се живи, но не можеме да ги извадиме. Гледаш, мајка ми и татко ми се во оваа руинирана зграда. Не можам да дојдам до нив. Како можеме да ги спасиме? Никој не дојде од сабајле. Ни викаат, слушајте ги – вели Дениз, кој плаче бидејќи не може да стигне до преживеаните.

Само во Хатај се уништени повеќе од 1.000 згради. Еден волонтер дојде да помогне од Анкара.

Спонзорирано: