9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Позната спортска двојка од Турција загина во земјотресот

Тажни вести пристигнуваат секој час од Турција и Сирија, каде што во разорната серија земјотреси веќе загинаа повеќе од 5.000 луѓе, а бројот на жртви постојано расте.

Трагедијата го зафати и светот на спортот, па под урнатините остана голманот на Малатија, Ахмет Ејуп Туркаслан, како и спортскиот директор на Хатај, Танер Савут.

За среќа, Кристијан Ацу бил извлечен жив, а Барис Башдаш се спасил скокајќи од прозорецот по првиот потрес.

Се бараат и одбојкарите на Хатај, а сега пристигна уште една крајно тажна вест.

Имено, под урнатините се пронајдени телата на одбојкарската брачна двојка Бетул Чобан Чакир и Бедретина Чакира.

Бетул имала 27 години и играла за тимот на Меринос, а нејзиниот сопруг (29 години) исто така бил одбојкар, кој своевремено играл во Халкбанк.

Оваа информација ја растажи целата турска спортска јавност.

Спонзорирано: