13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Повеќе од 5.600 згради се урнаа во Турција и Сирија

Најмалку 5.606 згради се урнаа за време и по земјотресот што рано утринава ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштението што го пренесе Си-Ен-Ен.

Туркиш ерлајнс во понеделникот соопшти дека продолжуваат летовите за Адана, Елазиг и Дијарбекир за граѓаните кои сакаат да стигнат до зоната на земјотресот.

Според соопштението на Агенцијата, аеродромите во Малатија, Адана, Дијарбакир и Адијаман се отворени за сите летови. Аеродромите Газиантеп и Шанлиурфа се отворени само за помошни летови, додека аеродромите Кахраманмараш и Хатај се затворени за летови поради штета од земјотресот, се вели во соопштението на АФАД.

Спонзорирано: