10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТТОП ВЕСТИ

Повеќе од 4.800 мртви, илјадници заробени под урнатините

Голем број луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија.

Стотици згради исто така беа урнати, а илјадници луѓе останаа заробени под урнатините. Во тек е огромна спасувачка операција, но студеното време уште повеќе ја отежнува потрагата на спасувачите.

Да потсетиме, првиот разорен земјотрес се случи ноќе во провинцијата Кахранмарасу, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Во текот на денот е регистриран втор силен земјотрес со јачина од 7,6 степени.

Беа забележани и десетина послаби земјотреси.

Вака вчера ја следевме ситуацијата во Турција и Сирија.

Според последните информации, бројот на загинати во разорните земјотреси надмина 4.800.

Во Турција загинале 3.381, додека во Сирија 1.444 лица.

Спонзорирано: