9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Човечка мизерија на руската државна телевизија: Ние не сме Црвен крст (ВИДЕО)

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, на Твитер објави скандалозен клип од руската државна ТВ програма Русија 1.

На снимката се гледа неименуван гостин кој зборува за последиците од двата силни земјотреси што го погодија јужниот дел на Турција и северозападниот дел на Сирија.

Последните податоци покажуваат дека повеќе од 7.400 луѓе загинале во земјотресот, додека десетици илјади се повредени.

„Многу луѓе загинаа денеска во Турција и Сирија. Русија понуди помош и ќе ја обезбеди… Дали ги жалам (жртвите од земјотресот)? Да, ги жалам како луѓе“, ја започна својата презентација гостинот.

„Но, дали ги жалам повеќе од моите сонародници, па дури и Украинците од другата страна, или Русите кои секојдневно гинат во оваа војна? Искрено ќе ви кажам и на вас и на гледачите дека мислам пред се за овие мртви. “ продолжи гостинот. Тој додаде дека постапките на директорот на ЦИА Вилијам Барнс го загрижуваат многу повеќе од вчерашните земјотреси.

„Не гледам ниту една сириска или турска единица да се бори на наша страна. Се разбира, мораме да помогнеме, претпоставувам. Но, ние не сме Црвен крст, не можеме да им помогнеме на сите, прво треба да мислиме на нашата земја. “, заклучил гостинот.

Спонзорирано: