8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Подготвени сме да и’ помогнеме на Турција

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да му ја даде потребната помош на пријателскиот турски народ по земјотресот што рано утринава ја погоди Турција.

„Шокиран сум од веста за смртта и повредените стотици луѓе во земјотресот во Турција“, напиша Зеленски на „Твитер“.

Италија го повлече предупредувањето за цунами.

„Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој момент сме со пријателскиот турски народ, подготвени да ја пружиме потребната помош“, рече Зеленски.

Спонзорирано: