Србија итно ќе испрати два специјални тима (12 лица по тим) и офицери за врска да и помогнат на Турција по земјотресот.
Турција и Сирија беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а илјадници беа повредени.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ нареди веднаш да се испрати се што и треба и може да направи Србија.