9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Регистрирани се 77 последователни земјотреси на територијата на Турција и на границата со Сирија

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) регистрираше дури 77 земјотреси во Турција и на границата на таа земја и Сирија, вклучувајќи го и најсилниот, чија магнитуда беше 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ покажуваат дека земјотреси се регистрирани во пограничната област меѓу Турција и Сирија, во централна и источна Турција.

Нивната магнитуда била од 3,3 до 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди пограничната област меѓу Турција и Сирија, повеќе од 230 луѓе загинаа во Сирија, а повеќе од 600 се повредени, изјави помошникот сириски министер за здравство, Ахмед Дамирие.

Тој на сириската државна телевизија изјави дека бројот на загинати се искачи на 237, а повредени се 639 лица.

Спонзорирано: