8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин им пиша на Асад и Ердоган: Подготвени сме да ја пружиме потребната помош

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сирискиот лидер Башар ал Асад поради разорниот земјотрес што ги погоди двете земји.

„Прифатете го нашето најдлабоко сочувство во врска со бројните жртви и масовно уништување предизвикано од силниот земјотрес во вашата земја. Ве молиме да им го пренесете нашето искрено сочувство и поддршка на семејствата и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите повредени. Подготвени сме да ја пружиме неопходната помош во овој поглед“, се наведува во писмото од Путин до Ердоган, објавено на веб-страницата на Кремљ.

Во писмото до претседателот на Сирија, рускиот лидер нагласи дека Русија ја споделува тагата и болката на оние кои ги загубија своите најблиски.

„Се надеваме на брзо закрепнување на сите настрадани и подготвени сме да ја пружиме потребната помош за отстранување на последиците од оваа природна катастрофа“, се наведува во писмото.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека земјотресот не влијаел на работата на воената база Хмеимим или други руски објекти во Сирија.

Страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди јужните делови на Турција, Либан и Сирија.

Според првите информации, загинале повеќе од 500 луѓе, додека неколку стотици луѓе се повредени. Спасувачите се на терен, а бројот на жртвите се зголемува.

Спонзорирано: