15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров: По Украина, Полска е на тапет

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно се огласи на Телеграм. Овој пат негова „мета“ е Полска.

Кадиров се прашува што ќе се случи ако „по успешното завршување на руската специјална операција во Украина“ започне процесот на „денацификација и демилитаризација на Полска“.

„Како дел од поддршката на Украина, Варшава ги исцрпи сопствените воени ресурси и сега е збунета: што ако, по успешното завршување на специјалната операција, Русија почне да ја денацифицира и демилитаризира следната земја? По Украина, Полска е на тапет! Нема да кријам дека имам таква намера и повеќепати нагласив дека борбата против сатанизмот треба да продолжи низ цела Европа и пред се на територијата на Полска. Мислам дека Полјаците го разбраа тоа“ – напиша Кадиров на Телеграм, пренесува РИА новости.

Спонзорирано: