13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италија го повлече предупредувањето за цунами

Италија го повлече предупредувањето за цунами издадено во јужните крајбрежни области по силниот земјотрес во Турција и Сирија.

Одделот за цивилна заштита на Италија во првите моменти по силниот земјотрес издаде соопштение во кое им препорача на граѓаните да се држат подалеку од крајбрежните области, но ова предупредување подоцна беше повлечено.

Како мерка на претпазливост, железничкиот сообраќај беше привремено прекинат во регионите на Сицилија, Калабрија и Апулија на југот на Италија, се наведува во соопштението на агенцијата.

Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал дури и во Каиро, се наоѓал северно од турскиот град Газиантеп, во област на околу 90 километри од границата со Сирија.

Спонзорирано: