8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО! СЕИЗМОЛОГ ГО ПРЕДВИДЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА: Кога ќе видите што објави пред три дена, ќе заледите (ФОТО)

Централниот дел на Турција и северозападна Сирија синоќа беа погодени од разорен земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, додека над 2.000 беа повредени при уривање на згради.

Истражувач од Институтот за следење на геометријата на небесните тела поврзани со сеизмичка активност по име Френк Хугербетс од Харлем во Холандија пред три дена (03.02.2023) на својот Твитер го објави тврдењето дека во одреден момент земјотрес со ќе има јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и на самата локација која синоќа беше погодена од разорен земјотрес.

Имено, тој потоа сподели објава на својот Твитер профил во која изјави дека порано или подоцна ќе се случи земјотрес, а потоа ја наведе јачината и локацијата на ударот.

„Порано или подоцна ќе има земјотрес со магнитуда М 7,5 степени во овој регион (југоцентрална Турција, Јордан, Сирија, Либан)“, напиша Хугербетс пред три дена на својот профил на Твитер.

По земјотресот, тој денеска повторно проговори со емотивни зборови, и откри што секогаш им претходи на овие земјотреси и на тој начин објасни како успеал да го предвиди овој земјотрес.

„Моето срце е со сите со големиот земјотрес во централна Турција. Како што кажав претходно, порано или подоцна тоа ќе се случи во овој регион, слично на 115 и 526 година. На овие земјотреси секогаш им претходи критична планетарна геометрија, како што имавме февруари 4-5“, Хагербетс објасни како го предвидел разорниот земјотрес, кој однесе стотици животи преку ноќ.

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција и северозападна Сирија рано утринава, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а стотици беа повредени при уривање на згради низ регионот, што предизвика потрага по преживеани во урнатините.

Спонзорирано: