23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Американски геолошки институт: Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија може да достигне и до 10.000 лица

Бројот на загинати во силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција може да достигне и до 10.000 лица, објави Американскиот геолошки институт (USGS).

Според нивните проценки, од USGS велат дека има 47% шанси бројката да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 лица.

Проценките на USGS се изведени од моделирање врз основа на историски земјотреси во регионот, од населението изложено на најсилните земјотреси и ранливоста на структурите во најтешко погодените зони, пишуваат регионалните медиуми.

„Веројатни се големи жртви и голема штета, а катастрофата најверојатно ќе биде широко распространета“, се вели во извештајот на USGS.

„Населението во овој регион живее во објекти кои се исклучително ранливи на земјотреси, иако има и некои отпорни објекти“. Извештајот, исто така, проценува дека економските загуби најверојатно ќе бидат меѓу 1 и 10 милијарди американски долари, што би можело да достигне до 2 отсто од турскиот БДП.

Според официјалните претставници и државните медиуми, досега е потврдено дека загинале повеќе од 600 луѓе, а повеќе од 3.000 се повредени во Турција и Сирија.

Спонзорирано: