4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борисов: Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на РСМ и Бугарија

Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија.

Ова го напиша Бојко Борисов на својот профил на социјална мрежа.

„Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува народите во Северна Македонија и Бугарија!, напиша Борисов.