13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Младите престапници во Франција ќе можат дел од казната да отслужат во војска

Младите престапници во Франција во иднина ќе можат да отслужуваат дел од казната во Армијата, изјавија во североисточниот град Мец, министерот за одбрана Себастиен Лекорну и министерот за правда Ерик Дупон-Морети.

Најавата доаѓа по успешен пилот проект, пришто младите осудени престапници ќе можат да посетуваат петдневен курс што го спроведуваат војниците.

Целта е да им се олесни патот кон вработување или доброволно служење воен рок на младите на возраст меѓу 13 и 25 години кои имаат проблем со законот, велат властите. Министрите планираат да вработат пензиониран воен персонал за да ги надгледува младите, потпирајќи се на нивното искуство, со цел да осмислат како ќе изгледаат обуките.

Од декември 2021 година, се одвиваат четиринеделни курсеви кои вклучуваат воени вежби, каде што учесниците учат воени и цивилни вештини под водство на поранешните членови на воената академија Сен-Сир Коетеквидан. Морнарицата организираше еднонеделни курсеви насочени кон развивање чувство на одговорност, тимски дух и почит кон авторитетот.

Спонзорирано: