18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Историски ниски температури во Америка: Прогласена вонредна состојба, откажани бројни летови

Историски ниски температури ќе го погодат североисточниот дел на САД со замрзнат ветер и снег, зимата ќе биде таква што ќе предизвика смрзнатини во рок од 10 минути.

Националната метеоролошка служба соопшти дека оваа зима е „една во генерација“, а на жителите од Пенсилванија до Мејн им се советува да го ограничат времето на отворено вечерва и утре.

Во Бостон, каде се очекуваат температури под нулата, прогласена е вонредна состојба, а наставата во училиштата е откажана.

„Ги повикувам Бостонците да преземат мерки на претпазливост, да останат топли и безбедни и да ги проверат своите соседи за да се уверат дека се добро“, рече градоначалничката Мишел Ву.

Температурата вечерва во Њујорк се очекува да биде меѓу минус 13 и минус 17 Целзиусови степени.

Во американскиот југ најмалку осум лица ги загубија животите поради невремето во изминатите неколку дена. Повеќе од 500.000 луѓе денеска се без струја во Тексас, Арканзас, Тенеси и Мисисипи, потсетува Би-би-си.

Во меѓувреме, американските авиокомпании мораа да откажат илјадници летови поради невремето. Само денеска откажани се над 700 летови, а ден претходно околу 2.300 најпогодени беа аеродромите во Далас и Остин.

Невремето донесе мешавина од замрзнат дожд и лапавица во јужниот и централниот дел на САД од понеделникот, што се протега од Тенеси до Тексас.

Повеќе од 12 милиони луѓе, вклучувајќи ги Далас, Форт Ворт, Литл Рок и Мемфис, од денеска беа под предупредување за ледена бура. Се очекува до крајот на викендот мразот да се стопи.

Спонзорирано: