10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести во Франција: Милиони луѓе излегоа на улица против пензиската реформа на Макрон

Во цела Франција денеска 1.272 милиони луѓе се собраа на протестите организирани поради несогласување со плановите на државата за реформа на пензискиот систем, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Министерството додаде дека на демонстрациите во Париз учествувале 87.000 луѓе.

Ова е прва јавна демонстрација против пензиската реформа на 19 јануари.

Реформата предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за реформите“ и „Нема да се откажеме“. Многумина рекоа дека ќе продолжат да излегуваат на улица колку што е потребно.

Спонзорирано: