15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Украинците за изјавата на Милановиќ: Тоа е неприфатливо!

Министерството за надворешни работи на Украина денеска го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој вчера изјави дека Крим, украинскиот полуостров што Русија го окупираше во 2014 година, никогаш нема да и се врати на Украина.

Да потсетиме, како што пишуваа вчера хрватските медиуми, Милановиќ го даде коментарот за Крим кога се обиде да објасни зошто се противи на испраќање оружје во Украина.

Потоа рече дека „Крим никогаш повеќе нема да биде украински“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко изјави дека изјавата на Милановиќ ја смета за „неприфатлива“.

– Сметаме дека е неприфатлива изјавата на претседателот на Хрватска, кој практично фрли сомнеж на територијалниот интегритет на Украина – рече Николенко.

Спонзорирано: