7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп тужи новинар за неовластено користење аудиоснимка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска поведе тужба против новинарот Боб Вудворд и го обвини дека незаконски користел аудиоснимки од нивните разговори во објавеното аудиоиздание на неговата книга, со што ги прекршил интересите и авторските права на Трамп.
Трамп го обвинува новинарот Вудворд за систематско узурпирање, манипулирање и искористување на звучната снимка со објавување на „Трамп лентите“, аудиокомпилација од нивните разговори од 2022 година, според „Политико“.

Во тужбата поднесена во Окружниот суд на САД во Пенсакола, Флорида, Трамп бара отштета и признавање дека неговите интереси за авторски права се компромитирани.

Тужбата беше поднесена и против издавачката куќа Simon & Schuster и Paramount Corporation, матичната компанија на издавачот Simon & Schuster.

Во заедничкото соопштение што го објавија новинарот Боб Вудворд и издавачката куќа Simon & Schuster се наведува дека тужбата на Трамп е неоснована, со оглед на тоа што интервјуата се снимени со негова согласност.

Централниот аргумент во тужбата на Трамп е тврдењето дека поранешниот американски претседател никогаш не се согласил неговиот глас да се користи во аудиоизданието на книгата на Вудворд, туку се согласил да се снима нагласувајќи во повеќе наврати дека таквите аудиоснимки служеле исклучиво како материјал за печатено издание на книгата.

Спонзорирано: