Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Свет

Српскиот министер за надворешни работи навести можни санкции за Русија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во средата за прв пат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции кон Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во ЕУ, пренесува ЕУРОАКТИВ.

Во ексклузивното интервју за EУРОАКТИВ Србија, Дачиќ, ветеран со повеќе од 30 години во политиката на високо ниво, рече дека Србија, кандидат за ЕУ од 2012 година, првенствено се водеше од проценката што е во нејзин најдобар интерес.

„Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и на тој начин гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции кон Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси“, изјави тој во интервјуто.

Српскиот претседател Александар Вучиќ жестоко се спротивстави на санкционирањето на Москва за нејзината офанзива во Украина, често нагласувајќи дека Србија ја увезува целата своја нафта и гас од Русија, но е под зголемен притисок од Западот да го промени својот став. Во октомври, тој откри план од 12 милијарди евра за инвестиции во енергетската инфраструктура во текот на шест години за да се диверзифицира и да се обезбеди снабдување со енергија.

Дачиќ рече дека од руската анексија на Крим во 2014 година до сега, Србија не се приклучи на западните санкции „бидејќи проценивме дека тоа нема да биде во наш интерес“.

„Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш нашата одлука ќе биде соодветно приспособена затоа што во секој момент ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашата позиција во светот и за граѓаните на Србија“.

Во друг знак дека наративот за Русија, која се смета за традиционален сојузник на Србија, може да се менува, српската премиерка Ана Брнабиќ, која присуствуваше на настанот на промоцијата на EURACTIV Србија во Белград во средата вечерта, зборуваше за „руската агресија врз Украина“. формулацијата Србија претходно не ја користеше. Таа, исто така, ја пофали ЕУ како најголем инвеститор и донатор во Србија.

Дачиќ прогласи дека членството во ЕУ е „приоритет за Србија“, но тој исто така ја критикуваше ЕУ поради одолговлекувањето на проширувањето.

„Тој наратив што често го слушаме, дека Балканот би можел да создаде нови проблеми доколку е внатре во ЕУ, е повеќе изговор затоа што ЕУ бележи намалување на апетитот за проширување. нагласи Дациќ. Тоа е прашање што не им носи гласови на европските политичари и затоа тие го маргинализираат“.

Подготви: Д. Мишев
извор: Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе