7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Лавров: Балтичките земји би можеле да го прекинат контактот со Русија

Министерството за надворешни работи на Русија објави текст во кој министерот Сергеј Лавров одговара на прашања поврзани со ситуацијата во Украина.

Се вели дека дипломатските односи меѓу Русија и нејзините балтички соседи пропаднале.

– Во Полска и балтичките земји веќе подолго време се води избезумена русофобна кампања и тие се обидуваат да бидат соработници во антируските потфати на Западот. Билатералните односи со овие земји неодамна катастрофално се влошија; интеракцијата со нив е замрзната и практично сведена на нула – рече Лавров.

Тој додаде дека не се за прекин на дипломатските односи.

– И во најтешката ситуација потребно е да се одржуваат канали за дијалог. Не можеме да исклучиме дека тие земји поради нивниот антируски однос ќе одлучат целосно да ги прекинат контактите со нас. Ако тоа се случи, тогаш одговорноста за овој чекор и неговите последици целосно ќе падне на раководството на тие земји – додаде Лавров.

Лавров истакна дека имаат намера да ги бранат своите национални интереси, а противниците мора да разберат дека нивните постапки ќе имаат долгорочни последици.

– Руската дипломатија ќе продолжи да се придржува до основните принципи на надворешната политика на нашата земја, како што се независноста, почитувањето на меѓународното право, грижата за националните интереси и отвореноста за заемно корисна соработка – рече Лаворов.

Меѓу другото, тој додаде дека ќе продолжи да се бори за вистината и правдата во меѓународните работи, против остатоците од неоколонијализмот и „хегемонистичките амбиции на САД и нивните сателити“.

– Одлучно ќе се спротивставиме на секој обид да и се наштети на Русија и нејзините сојузници – додаде тој.

Спонзорирано: