23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Економистот Џефри Сакс предупредува: Флертуваме со третата светска војна

Познатиот економист Џефри Сакс изјави дека војната во Украина започнала пред осум години и дека ова не е прва година од војната, туку деветта и дека таа се повеќе ескалира бидејќи, како што рече, Пентагон го предупредува Вашингтон денес дека можноста за нуклеарна војна станува реална.

„Во меѓувреме, папата Франциско веќе оцени дека војната во Украина започна светска војна. Сега имаме војна во Украина, Израел го бомбардира Иран, Америка и Кина се на работ на директна конфронтација поради Тајван. Ова се навистина опасни времиња и ако ова ескалира, ние веќе флертуваме со третата светска војна“, изјави Сакс за Политика при неговата посета на Белград како гостин на Центарот за меѓународни односи и одржлив развој.

Тој смета дека има излез од кризата и дека тоа значи дека САД ја менуваат својата надворешна политика, како и дека околу 150 земји во светот кои не се во НАТО и не се сојузници на САД, не сметајќи ја Русија, ќе го кренат својот глас во Генералното собрание на ОН и бараат итен крај на војната и почеток на мировни преговори.

Спонзорирано: