Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД нема да испорачаат борбени авиони Ф-16 на Украина.
– Америка нема намера да испорача ловци Ф-16 во Киев – изјави Бајден.
Претседателот на Соединетите Американски Држави ја најави посетата на Полска, но не прецизираше кога.
Ен-Би-Си објави дека посетата на Бајден на Полска може да се совпадне со годишнината од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.