11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Јужна Кореја да ја зголеми помошта за Украина

Генералниот секретар на НАТО ,Јенс Столтенберг, денеска ја повика Јужна Кореја да ја зголеми поддршката за Украина наведувајќи ги другите земји што ја промениле својата политика да не испраќаат оружје во земјите во конфликт.

Јужна Кореја има потпишано големи договори за снабдување со тенкови, авиони и друго оружје за Полска од почетокот на војната во Украина, но јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол рече дека законот на неговата земја забранува снабдување со оружје на конфликтната земја и го спречува испраќањето оружје до Украина.

Столтенберг е во посета на Сеул на турнеја во која ќе биде вклучена и Јапонија и има цел да ги зајакне врските со сојузниците од НАТО, кои се соочуваат со војната во Украина.

Спонзорирано: