12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски генерал: САД извршија експерименти со ХИВ врз украинските војници

Припадниците на украинската армија биле целна група на американските експерименти со ХИВ-инфекција, кои се спроведуваат во Украина од 2019 година, според генералот Игор Кирилов, шеф за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили.

„САД го спроведуваат најконтроверзното истражување од гледна точка на меѓународното право надвор од националната територија. Пример се експериментите поврзани со ХИВ-инфекцијата што американските специјалисти ги спроведуваат на територијата на Украина од 2019 година“, изјави рускиот генерал, пренесува „РИА новости“.

Кирилов истакна дека целните групи во ова истражување не биле само „осудени лица или зависници од дрога, туку и претставници на вооружените сили на Украина“, наведува агенцијата.

Спонзорирано: