21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин на Џонсон му се заканил со ракетен напад: Ќе трае само една минута

Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија, откри дека Владимир Путин, претседателот на Русија, му се заканувал со ракетен напад пред да ја нападне Украина во февруари минатата година.

Како што откри поранешниот премиер, во документарецот на Би-би-Си, кој се занимава со разговорите на Путин со светските лидери, заканата дошла во телефонски разговор што двајцата го имале пред нападот на Украина.

Џонсон изјави дека Путин му рекол оти таков ракетен напад ќе трае само една минута.

Тој истакна дека не е сигурен дали заканата е сериозна. Путин ова му го кажал на поранешниот премиер на Велика Британија, според неговите зборови, кога Џонсон го предупредил дека војната ќе биде голема катастрофа и ќе доведе до санкции против Москва и поголем број војници на НАТО на руските граници.

Тој исто така обвини дека се обидел да ја одврати руската воена акција со тоа што му кажал на Путин дека Украина нема да се приклучи на НАТО во блиска иднина.

Спонзорирано: