10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масакр на роденденска забава во Јужна Африка, осум загинати и тројца ранети во престрелка

Осум лица загинаа, а тројца се ранети во пукотница што се случила на роденденска забава во јужноафриканската провинција Источен Кејп, соопштија денеска полициски претставници.

Инцидентот се случил во неделата доцна попладне по локално време кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз гостите што се собрале на роденденска забава, соопшти јужноафриканската полициска служба.

Како што се наведува, осомничените не се уапсени, а се истражуваат околностите на инцидентот.

Идентитетот на загинатите и повредените сè уште не е утврден, но се сомнева дека, како што соопшти полицијата, меѓу жртвите е и сопственикот на куќата.

„Овие луѓе беа убиени од криминалци и нема да мируваме додека не дознаеме што се случило и кој е одговорен за овој бесчувствителен и ладнокрвен напад врз невините жртви“, изјави комесарот на јужноафриканската полиција на Кејп, Номтетелели Лилијан Мене.

Спонзорирано: