17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жените во Авганистан повеќе нема да смеат да полагаат приемен испит за на факултетите

Министерството за високо образование им нареди на приватните универзитети во Авганистан да не дозволуваат студентките да полагаат приемен испит следниот месец.

Писмото на Министерството е испратено до институциите во северните провинции на Авганистан, вклучително и Кабул, каде што треба да се одржуваат приемните испити од крајот на февруари.

Во писмото се наведува дека оние институции кои нема да ги почитуваат правилата ќе се соочат со правни последици.

Во декември, Министерството за високо образование им порача на универзитетите да не дозволуваат студентките да посетуваат факултети до понатамошно известување.

Неколку дена подоцна, управата забрани работа на повеќето жени вработени во невладини организации.

Властите ги затворија и повеќето средни училишта за девојки. Меѓународната заедница ги осуди ограничувањата на работата и образованието на жените во Авганистан.

Спонзорирано: