13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Земјотрес од 5,9 степени го погоди Иран, најмалку тројца загинати и стотици повредени

Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападниот дел на Иран, објави денеска државната новинска агенција ИРНА.

Оштетени се згради во десетици градови, а повеќе од 440 луѓе се повредени, според извештајот.

Земјотресот се случил во 21 часот и 44 минути во саботата вечерта во провинцијата Западен Азербејџан, во близина на границата со Турција, соопшти Иранскиот сеизмолошки центар во Техеран.

Градот Хој беше особено погоден, но потресите се почувствуваа и во други региони.

Минатата недела најмалку 120 лица беа повредени во друг земјотрес, што се случи во северозападниот дел на земјата.

Спонзорирано: