7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова ја советува новата американска амбасадорка да не ги повтори истите грешки

Москва разбира дека новата американска амбасадорка во Русија Лин Трејси сега практично нема слобода на маневрирање, но се надева дека ќе ги земе предвид грешките на еден од нејзините претходници Мајкл Мекфол и нема да се меша во внатрешните работи на Русија, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Со оглед на гласната русофобија во политичката елита на САД, новата американска амбасадорка практично нема слобода на маневрирање. Се надеваме дека новата амбасадорка ќе ги земе предвид грешките на еден од нејзините претходници, сега веќе признатиот русофоб Мекфол. Мешањето во нашите внатрешни работи под превезот на работа со граѓанското општество брзо ја претвори таа личност во отпадник. Не би ја советувала новата амбасадорка да тргне по овој погрешен пат – рече Захарова.

Како што додаде таа, руската страна би можела да ја советува Трејси „да престане да ја пее истата песна и да не ги повторува истите грешки“.

– Што се однесува до можноста за подобрување на руско-американските односи во светло на хибридната војна што всушност ни ја најави Вашингтон, ние, се разбира, сега не зборуваме во тие термини. За какво можно подобрување може да се зборува доколку донесат одлука да испорачаат тешко оружје од кое ќе ги убијат нашите граѓани – рече таа.

Според неа, би се сметало за напредок доколку билатералните односи не се влошат, „но тешко е да се поверува“.

На крајот на декември американскиот Сенат го одобри назначувањето на Трејси за амбасадор во Русија.

Таа е првата жена во историјата на таа позиција во Русија. Зборува руски и веќе имала можност да живее и работи во Москва – од 2014 до 2017,пренесе Индекс.хр

Спонзорирано: