13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Масовно пукање во луксузна населба во Лос Анџелес, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во престрелка во Калифорнија рано утринава.

Наредникот Френк Пресијадо од полициската управа во Лос Анџелес потврди дека пукањето се случило нешто по 2:30 часот во Беверли Крест, луксузна населба во Лос Анџелес.

Од седумте лица кои беа застрелани, четворица биле надвор, а тројца се наоѓале во возилото.


Повредените се пренесени во болница и се во критична состојба.

Пресијадо рече дека нема информации што довело до пукањето.

Ова е четврто масовно пукање во Калифорнија овој месец.

Спонзорирано: