13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: Америка е земја насилник која ги крши правилата

Кина денеска остро го критикуваше Вашингтон на состанокот на Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи ги САД унилатерален насилник и земја која ги крши правилата.

Кинескиот амбасадор во СТО, Ли Ченганг, рече дека Вашингтон го информирал за својата намера да поднесе жалба на неодамнешната одлука на СТО, според која американските царини за метал ги прекршуваат глобалните правила.

„Ова вознемирувачко однесување на САД јасно ги прикажа САД како унилатерален насилник, земја која ги крши правилата и го нарушува синџирот на снабдување“, рече тој, пренесе Ројтерс.

СТО донесе големи пресуди против САД во последниве недели, вклучително и пресуда за метали во која беше вклучена Кина.

Спонзорирано: