11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пожар проголта историско богатство, во Лондон изгоре црква стара 150 години

Црквата Свети Марко во северозападен Лондон, која е стара повеќе од 150 години е уништена при синоќешниот пожар.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот се уште не е позната, пренесува BBC.

На самото место беа ангажирани повеќе од 10 противпожарни возила со 80 пожарникари за да се справат со пламените јазици.

На жителите кои живеат во областа им беше препорачано да ги држат своите прозорци и врати затворени, а полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да работат.

При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.

Спонзорирано: