Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

(Видео) Пожар во висококатница во Чикаго, едно лице загина, шест се повредени

Едно лице загина, а шест се повредени откако избувна пожар во висока станбена зграда во Чикаго.

Починатото лице е пронајдено во станот каде според претпоставките на пожарникарите избувнал пожарот.

На снимката која се појави на социјалните мрежи, на неколку катови се гледаат светло портокалови пламени.

Најмалку девет ката се чини дека се оштетени во пожарот.

Пожарот избувнал на 15-ти кат, а нешто по 10 часот по локално време се проширил на 24-от кат од зградата.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 300 пожарникари, пренесе Телеграф.рс.