12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос во парламентот во Албанија – го избркаа екс-премиерот

Поранешниот премиер на Албанија, Саљи Бериша денеска е отстранет од пленарната седница на албанскиот парламент.

Бериша ја блокираше говорницата откако парламентарното мнозинство не го одобри неговото барање за расправа за случајот „Мекгонигал“.

Денешната пленарна седница ја одбележаа големи тензии меѓу демократските пратеници, претседателот на Собранието и владејачкото мнозинство.

Бериша побара средбата меѓу премиерот Еди Рама и поранешниот американски функционер на ФБИ Чарлс Мекгонигал да биде вклучена во дневниот ред.

Барањето на претставникот на Демократската партија, поддржувач на Бериша, беше одбиено со гласовите на мнозинството, па настана хаос, бидејќи поранешниот премиер во знак на протест ја блокираше говорницата.

Претседателката на Собранието Љиндита Никола привремено ја прекина пленарната седница.

Опозицијата ги спомена средбите на Мекгонигал со премиерот Рама и обвинувањата за криење 225.000 долари – исплати што Американецот ги добивал од надворешен извор, лице со кое патувал низ Европа, пишува Албанската пошта, додавајќи дека станува збор за албански државјанин, кој е поранешен службеник на разузнавачките служби..

Министерството за правда соопшти дека Мекгонигал, исто така, сокрил детали за патувањето во Албанија во 2017 година со поранешен албански разузнавач од кој добил пари.

Во Вашингтон, Мекгонигал беше обвинет дека ги прикрил врските што ги имал со лице кое работело за албанска разузнавачка агенција со децении, вклучително и дека добил 225.000 долари.

Спонзорирано: