17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Бебе се задушило за време на доење во Рим

Новороденче се задуши во болница под неговата мајка, која заспала по доењето, па многумина иницираа прашања за состојбата на родилиштето.

Овој трагичен инцидент се случи на 8 јануари во болницата „Сандро Пертини“ во Рим.

Властите почнаа истрага, а резултатите од обдукцијата се очекуваат во рок од 60 дена. Пораѓањето на 30-годишната жена траело 17 часа.

Според болничките прописи, персоналот требало да се погрижи бебето да биде вратено во посебно креветче по доењето.

Обвинителите ќе истражуваат дали во овој случај се прекршени тие правила, односно дали лекарите од болницата биле несовесни.

Жена што била во истата соба со мајката наводно сфатила дека новороденчето е во опасност и повикала помош, но детето починало пред да дојде медицинскиот персонал.

Таткото на детето рекол дека болничарите го одбиле барањето на неговата исцрпена сопруга да го земе бебето за да може да одмори неколку часа.

„Мајката раскажа како наеднаш се разбудила и видела дека до неа нема бебе. Потоа ја однеле во друга соба и ѝ ја соопштиле трагичната вест“, изјави Алесандро Пиомби, адвокатот на мајката.

Кога во јавноста излегла веста за оваа трагедија, излегле многу мајки, кои поминале низ слична ситуација во италијанските болници.

„Ова можеше да му се случи на секој од нас. По 15 часа породување и итен царски рез, заспав исцрпена со ќерка ми Џулија на градите. Се разбудив врескајќи затоа што веќе не беше до мене, мислев дека паднала на подот. За среќа, не беше така, мајка ми ја однела во креветчето“, напишала една жена на социјалните мрежи.

Синдикатите рекоа дека ова се случило поради недостиг на персонал.

Џовани Леони, потпретседател на италијанското медицинско здружение, во декември рече дека сите болнички одделенија немаат медицински работници, особено по пандемијата, пренесе „Новости.рс“.

Спонзорирано: