Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Зеленски назначи нов заменик шеф на неговиот кабинет

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи гувернерот на Киевската област Олексеј Кулеба за заменик шеф на неговиот кабинет.

Кулеба ќе го замени Кирил Тимошенко, кој беше разрешен претходно денеска во најголемата владина „реконструкција“ во Украина од почетокот на руската инвазија.

Зеленски ги разреши и гувернерите на четири украински региони: Днепропетровск, Керсон, Суми и Запорожје.

Претходно денеска, Кабинетот на министри даде зелено светло за разрешување на овие гувернери и официјално разреши шестмина владини функционери.

Според Тарас Мелничук, официјален претставник на владата во парламентот, Кабинетот на министри ги разрешил заменик министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, заменик министерот за социјална политика Виталиј Музиченко, замениците министри за територии и заедници Иван Лукерија и Вјачеслав Нехода. замениците на раководителите на Државната служба за поморски работи и поморски транспорт Анатолиј Иванкевич и Виктор Вишнов.

Реконструкцијата се случила по низа новинарски истраги во кои се наведува дека неколку функционери проневериле средства.