20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Столтенберг: Tенковите од Германија ќе и’ помогнат на Украина да победи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката на Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и оцени дека тоа ќе помогне во одбраната и победата.

„Силно го поздравуваме раководството на канцеларот (Олаф Шолц) и Германија во обезбедувањето тенкови „Леопард 2“ за Украина во консултација со другите сојузници и партнери на НАТО. Во клучен момент во руската војна, ова може да и помогне на Украина да се одбрани, да победи и преовладува како независна нација“, порача Столтенберг на Твитер.

Претходно денеска германската влада одобри испраќање на тенкови „Леопард 2“ во Украина, првично 14 од овие борбени возила, како и нивен повторен извоз од партнерските земји.

Спонзорирано: