9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Очекувам членките на НАТО да ги зголемат одбранбените распределби

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази очекување дека земјите-членки на Алијансата ќе ги зголемат тековните цели на трошоците за одбрана од два отсто од БДП за време на самитот во Вилнус во јули оваа година.

Столтенберг за Велт изјави дека целта од два отсто од БДП за одбранбениот буџет на земјите-членки на НАТО првично била поставена за една деценија, до 2024 година, па сега таа мора да се ажурира бидејќи сите гледаат дека се потребни поголеми инвестиции во таа област.

Столтенберг изјави дека се уште не може да каже дали земјите-членки на Алијансата ќе се согласат со предлогот за зголемување на буџетот за одбрана.

Спонзорирано: