4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

„Средбата која промени се“ – „Нова.рс“ го открива барањето на Вучиќ кое било одбиено

Српскиот медиум „Нова.рс“, врз основа на извори блиски до партијата на Александар Вучиќ, известија за средбата на претседателот на Србија и петтемина емисари на чело со Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар. Како што пишува овој медиум, меѓународните претставници му поставиле „сериозен ултиматум“ на Вучиќ.

Во меѓувреме, според овие извори, Вучиќ побарал да се продолжи „чекор по чекор“ со договорот, но петте емисари побарале работите да се движат многу побрзо.

Се вели дека ова била главната точка на несогласување меѓу Вучиќ и странските дипломати.

„Вучиќ предложи да се оди постепено, етапно, чекор по чекор. Неговиот приоритет е создавање на Заедница на српските општини (ЗСО), а потоа постепено продолжување со преговорите. Петмината јасно кажаа дека нема простор за постепени или етапни преговори и дека треба што поскоро да се разговара за прифаќање и спроведување на целиот договор“, изјави изворот за Нова.рс.

Изворите на „Нова.рс“, истакнуваат дека на оваа средба Вучиќ спомнал дека ова мора да им го објасни на граѓаните на Србија и дека за тоа му треба време, на што рекле дека тој е претседател, дека тоа е негова работа, и дека не е „нивен проблем“.

По оваа средба, српскиот претседател одржа и прес-конференција на која рече дека Србија е подготвена да прифати и да работи на имплементација на француско-германскиот предлог.

Н. Абдурахмани / извор: Civilmedia.mk