Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Шолц: Германија секогаш ќе ја поддржува Украина, но НАТО не смее да влезе во конфликтот

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека Германија секогаш ќе биде на чело на поддршката на Украина во војната против Русија, но ќе се обиде да се погрижи конфликтот да не ескалира до точка каде што е вклучен НАТО.

Претходно денеска, Германија одобри испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина, како и нивен реекспорт од партнерските земји.

„Германија секогаш ќе биде во првите редови кога е во прашање поддршката за Украина“, рече Шолц.