Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Се уште се трага по актерот Џулијан Сендс, кој исчезна пред 12 дена

Властите во Калифорнија сè уште не го нашле британски актер Џулијан Сендс, кој веќе 12 дена е исчезнат во планините Сан Габриел.

Сендс (65) исчезна на 13 јануари во планините Сан Габриел, во областа Балди Бул, северно од Лос Анџелес.

Шерифот на округот Сан Бернардино рече дека се направени голем број напори за потрага по актерот, вклучувајќи хеликоптери и беспилотни летала.

Шерифот изјавил дека временските услови, иако не се идеални, им дозволуваат на копнените екипи да ја извршуваат својата работа, но дека во подрачјата на поголема надморска височина потрагата се уште не е можна поради временските услови.

Канцеларијата на шерифот забележа дека областа каде што исчезна Сендс е исклучително опасна дури и за искусни планинари.

Неговиот автомобил беше пронајден минатата недела до местото каде што беше пријавен за исчезнат.

Сендс глуми во бројни филмови и серии, вклучувајќи ги „24“, „Смолвил“ и „Соба со поглед“, а живее во Лос Анџелес од 2020 година.