Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Крокодил на грбот донесе тело на удавено дете до спасувачите што го барале со денови

Неверојатна случка во Индонезија. Крокодил на својот грб донел кај спасувачите неповредено четиригодишно дете, кое се удавило во реката. Моментот го снимиле очевидци.

Момчето – идентификувано во локалните медиуми како Мухамед Зијад Виџаја – исчезнало два дена претходно во близина на утоката во провинцијата Источен Калимантан.

Збунетите рибари го забележале рептилот додека пливал кон чамецот. Еден од најнемилосрдните убијци на природата го фрлил телото покрај чамецот, каде што го собрале двајца мажи.

Локалните медиуми јавуваат дека на телото немало траги од каснување. Припадниците на Агенцијата за пребарување и спасување на Источен Калимантан добиле информација дека крокодилот го носи детето што го барале.

„Сметаме дека крокодилот, всушност, помогнал во потрагата по жртвата. Ништо не недостига на телото. Сè е недопрено“, изјавил водачот на спасувачкиот тим, Мелканиус Кота.

Првичните набљудувања покажуваат дека малото дете не било жртва на џиновскиот рептил, туку случајно паднало во реката додека си играло.