11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Финска е најсреќната земја во светот петта година по ред

Според минатогодишниот извештај, жителите на 156 земји одговарале на прашања за тоа како живеат и колку се задоволни од животот, а некои од факторите земени во предвид се социјалната поддршка, животниот век, дарежливоста, отсуството на корупција…

Финскиот психолог Френк Мартела издвои три точки за кои смета дека се клучни за Финците да бидат среќни.

„Тие не се споредуваат со соседите, тие имаат сопствена работа, имаат висок степен на меѓусебна доверба и почитување на природата“, додаде Мартела.

Образованието е бесплатно и задолжително од 7 до 16 години. Неписменост речиси и да не постои. Покрај редовното основно и средно образование, во Финска сè уште постојат народни академии и работнички институти.

Училиштата за возрасни се приватни, општински или провинциски и се поддржани од државата. Исто така, постои систем на средно фокусирани училишта како што се комерцијални, занаетчиски, технички, трговски и земјоделски.

Финскиот институт за високо образование вклучува 13 универзитети и неколку колеџи и училишта за обука на наставници со годишен упис од 205.000 студенти. Најголем е Универзитетот во Хелсинки.

Спонзорирано: