5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Екстремен студ во Авганистан, починаа повеќе од 150 луѓе

Најмалку 157 лица загинаа како последица на екстремно ниските температури во Авганистан, според тамошните власти.
Бројот на загинати е двојно зголемен за помалку од една недела.

Авганистан ја доживеа една од најстудените зими, со температури до минус 28 степени Целзиусови – далеку под националниот просек, кој се движи меѓу 0 и 5 степени за овој период од годината, пренесува CNN.

Ефектите од студот се влошуваат со ограничената количина на хуманитарна помош што се дистрибуира во земјата, по забраната на Талибанците за женски работници во невладини организации.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA) на Твитер објави дека доставува помош како ќебиња, греалки и засолништа за околу 565.700 луѓе, додека потребите се многу поголеми.

Околу 70.000 грла добиток исто така замрзнаа низ целата земја, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на талибанското Министерство за управување со катастрофи, Шафиула Рахими.

Се проценува дека 28,3 милиони луѓе, околу две третини од населението на Авганистан, имаат потреба од итна хуманитарна помош, се предупредува во извештајот на UNOCHA.

Спонзорирано: