Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Радев се заканува со механизми за заштита на Бугарите

Бугарскиот претседател Румен Радев се заканува со нова блокада за македонските интеграции. Откако повеќе политчки структури од Бугарија бараа повторно вето за Македонија, официјална Софија излегува со истиот став дека мора да се активораат европските механизми за да се ставело крај на антибугарската омраза.

Сигурен сум дека и бугарското општество и нашите партнери во ЕУ разбираат зошто толку многу се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во уставот на РСМ и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ. РСМ се уште ја нема отворено вратата од просторијата каде што се водат овие преговори, а очекувам институциите кај нашиот сосед да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања, ова веќе не е доволно – високо е време да докажат дека активно се борат пред неа. Ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на оваа антибугарска омраза и хистерија.