20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандија испраќа осум моќни авиони Ф-35 во Полска

Холандија на крајот на месецот во Полска ќе испрати осум модерни борбени авиони Ф-35, соопшти холандското Министерство за одбрана.

„Четири борбени авиони ќе бидат достапни за заштита на воздушниот простор на НАТО над Источна Европа“, објави холандското Министерство, додавајќи: другите четири авиони Ф-35 ќе учествуваат во програми за обука со сојузниците на зголемување на подготвеноста на НАТО на источното крило и зајакнување на соработката меѓу различни членки на Алијансата.

Во соопштението за печатот се наведува дека авионот Ф-35 „ќе биде подготвен да реагира во рок од неколку минути во случај да се појави потреба за пресретнување“.

„Два авиони трајно ќе го чуваат воздушниот простор на НАТО, а другите два се резерви“, се наведува во соопштението.

Полска е членка на НАТО која дели граница со руската ексклава Калининград, каде што се стационирани руските сили. Холандија неодамна ја зајакна поддршката за Украина и најави дека ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето на ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина.

Холандскиот премиер Марк Руте го изјави ова за време на недамнешната средба со американскиот претседател, Џо Бајден во Белата куќа.

Спонзорирано: