19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џамбаски: Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, продолжува со провокациите и по предлогот од македонскиот претседател, Стево Пендаровски, да му биде забранет влез во државата.

„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. Заслугата тука е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината“, се наведува во неговата објава на социјалните мрежи.
от Стево Пендаровски, вчера, по седницата на Советот на безбедност, им предложи на институциите, односно Владата и МНР, да го прогласат Џамбаски за персона нон грата, а тоа би значело да му се забрани влез во Македонија. Освен за него, шефот на државата предлага забрана и за други бугарски државјани, а поради понижување и негирање на македонскиот народ.

„На вакви антидржавни кампањи, што ги спроведуваат политички партии и поединци, можеме да одговориме на два начина. Првиот е со културна дипломатска реторика како досега и тој круг на провокации, кој предизвикува насилство, сигурно нема да заврши. Второ, со мерки, кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви случаи. Мојот предлог до Владата е во согласност со одредбите на Законот за странците да му забранат влез во земјата, да му забранат влез на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица државјани на Бугарија поради дејства што ги преземале порано и натаму ги преземаат против нашата држава. Законските услови за таква мерка постоеле порано и сè уште постојат, тие се закана за националната безбедност, закана за јавниот поредок и закана за меѓународните односи на РСМ. Тоа значи дека ако лицата не се од земјата, да не им биде дозволен влез и да бидат прогласени за персона нон грата“, рече Пендаровски.

Некои од лицата за кои Пендаровски побарал да им се забрани пристап во Македонија веќе претходно имале мерки и биле протерувани.

Спонзорирано: